Животот ретко кога ни дава време за одмор.
Тоа го знаат сите кои се обидуваат да живеат организиран и уреден живот. Меѓутоа, понекогаш нашата мрзливост ни прави проблеми. Затоа ви откриваме брзи и едноставни решенија на некои секојдневни проблеми кои ќе ви помогнат барем работите во вашиот дом да ги држите под контрола, ако не можете сѐ останато. Погледнете за што станува збор.
1. Складирање на каблите
Заплеткани кабли – ова е честа непријатност. Меѓутоа, постои едноставно решение, а сѐ што ви е потребно се неколку празни ролни тоалетна хартија, две парчиња картон и кутија во која ќе ги ставите сите работи. Најпрво, раздвојте ги каблите еден од друг. Завиткајте го секој кабел и ставете го во ролна од тоалетна хартија. Подредете ги ролните во редот на спротивните краеви од кутијата. За да ги спречите да се мрдаат, оградете ги со парчиња картон. Помеѓу картонот би требало да има малку простор. Тука можете да ги чувате останатите уредно завиткани кабли.
2. Чување на хартијата за пакување
Сигурно како и сите останати, така и вие ја залепувате декоративната хартија со селотејп, со цел да не се одмотува. Но, кога ќе го тргнете селотејпот, се одлепува и парче хартија со него. За да го спречите ова, едноставно исечете по должина ролна тоалетна хартија и поставете ја ја околу декоративната хартија.
3. Држење на цевката за сок на едно место
Отворивте лименка сок и сакате да ставите цевче, но тоа едноставно одбива да остане на своето место? Не нервирајте се – постои едноставно решение за овој проблем. Доволно е да го свртите капачето за отворање кон внатре. Потоа ставете го цевчето низ отворот. Повторно благо свртете го капачето и вашата сламка ќе остане онаму каде што ќе ја наместите.
4. Како најдобро да го искористите просторот во микробрановата печка
Може да биде навистина иритирачки кога ќе посакате да загреете одеднаш два сада со храна во микробранова, но да не ги собира. Сѐ што ви е потребно за да го решите овој проблем е шолја. Едноставно поставете го едниот сад на наопаку свртената шолја и ќе направите доволно простор за двете.
5. Дупла закачалка
Немате доволно место во плакарот за сите закачалки? Овде повторно може да ви помогне капачето за отворање на лименките. Отстранете го од лименката и ставете го на куката на закачалката. Сега на него можете да закачите друга закачалка и да заштедите многу место во вашиот плакар.
6. Уредно одржување на компјутерските кабли
Каблите не се заплеткуваат само во кутија, туку и во просторот околу вашиот телевизор или компјутер. За да го вратите редот во овој хаос, провлечете го секој кабел низ прстен од папка за канцелариски документи и закачете ја на ќошот од столчето.