Властите во Рио де Жанеиро очекуваат рекорден број луѓе кои Новата година ќе ја дочекаат на плажата Копокабана.
– Сметаме дека ќе има три милиони луѓе, изјави Марсело Алвеш, претседател на општинската агенција за туризам Риотур.
Тој вели дека очекуваат три милиони луѓе на плажата Копокабана каде по традиција луѓето ја дочекуваат Новата година облечени во бело.
За редот ќе бидат задолжени 1.032 полицајци. Владата на државата Рио де Жанеиро објави во почетокот на неделата дека се укинати одморите за 2.000 воени полицајци за да се грижат за безбедноста во градот на крајот на годината.
Година и половина по ЛОИ, Рио де Жанеиро е во голема економска криза на раб на банкрот и властите не успеваат да ги исплатат платите на државните службеници и на полицајците. Насилството е зголемено.
Приходите од туристите се очекува да бидат околу 500 милиони евра.
Во градот ќе има девет сцени на кои ќе се одбележи Нова година со музика