Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција вети дека повеќе нема да се случи инсулинска криза во Македонија. Тој појасни дека проблемот настанал поради процедурата за набавка на инсулин, поради што ќе се прават корекции.
-Ова што се случи, нема повеќе да ни се случува. Проблемот е во процедурата, нема обврска набавувачот во точнo пропишан рок да набавува инсулин, па затоа ќе се менува процедурата, за да може да се обезбедат и залихи, рече министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.