За време на новогодишните празници сосема очекувано сите сакаме да се релаксираме и да уживаме во храна и пијалаци кои штетат на црниот дроб и ја забавуваат неговата работа. Тоа посебно можеме да го почувствуваме утрото по прославата на новата година кога најчесто сме прилично мамурни.
За среќа, постои руски рецепт кој може да ви помогне да го исчистите црниот дроб а се што ви треба суво грозје. Внимавајте да не одберете прскано гројзе. Квалитетното суво грозје без хемикалии на себе е она кое нема сјај, збрчкано е и не премногу меко.
Обично ваквото грозје е темно кафеаво или кафеаво.
Рецепт:
Потопете половина шолја суво грозје во топла вода и оставете го да отстои 15-тина минути. Потоа процедете ја водата и ставете уште една шолја зовриена вода. Со оваа вода грозјето го оставате да отстои преку ноќ. На празен желудник, рано наутро, испијте ја водата и изедете го грозјето.
Постапката можете да ја повторувате четири пати во месецот за целосно да го прочистите црниот дроб.