Незаконско е приведувањето на тројцата пратеници обвините за настаните од Собранието, тврди народниот правобранител.
Увидот направен во документацијата со која се рализирало приведувањето на 28 минатиот месец, покажал дека полицијата го прекршила правилникот за вршење полициски работи.. Според обудсманот, полициските службеници не смееле да ги приведат пратениците бидејќи тие се уште го имале пратеничкиот имунитет.. Ваквото тврдење, правобранителот го поткрепува со член од правилникот за полициско постапување..
„-Во случај кога имунитетот на лицето не му е одземен и покрај писмената наредба за негово приведување, истото нема да се изврши, а надлежниот суд ќе се извести од страна на полицискиот службеник за причините поради кои не е постапено по наредбата“, предвидува правилникот за работа на полицијата а за кој народниот правобранител смета дека е прекршен..
На денешниот брифинг со новинарите, Мемети потенцира дека судската постапка која се води против осомничените и притворени за собраниските настани од 27 април, се злоупотребува од страна на судиите и смета дека тоа е начин за нивно додворување до новата власт.. Според правобранителот, судот ја злоупотребува мерката притвор и вели дека Законот за кривична постапка предвидел и поблаги мерки кои гарантираат обезбедување на обвинетите..
-забрана за напуштање на живеалиштето
-обврска на обвинетиот да се јавува повремено кај надлежен државен орган
-привремено одземање на патна исправа
-забрана за обвинетиот да извршува работни активности поврзани со кривичното дело
Ова се само дел од мерките кои според Мемети можат да се применат како замена за притворот.
Инаку Народниот правобранител информира дека доставил препорака до Министерот за внатрешни Оливер Спасовски, со која бара испитување на процедурата по која се спроведувало приведувањето и очекува санкции за полициските службеници кои ги прекршиле правата на пратениците..