Филипче: Немав конкретна соработка со Тодоров

Немавме конкретна соработка со ексминистерот Тодоров, вели новиот министер за здравство, Венко Филипче.

Тој тврди дека неговиот ангажман како советник на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, бил единствено поради неговата стручност.

– Тоа решение беше поради мојот ангажман на Клиниката за неврохирургија каде што првпат етаблиравме метода што ја нема во регионот. Во оваа пригода би сакал да им порачам на младите лекари својата стручна работа никогаш да не ја поврзуваат со партија или политика, стручната работа е ангажман за пациентите и подобрување на сервисот и на услугата што ние ги даваме – рече Филипче.

За критиките во врска со неговото учество во контрапленумот, односно тврдењата дека не знаел што потпишува, Филипче вели дека станува збор за недоразбирање и дека тој секогаш поддржувал демократски процеси и реформи.

Треба да знаете
Последни објави