Воз удри во коњи, коњот падна врз автомобил

Железничка несреќа се случила вчера на пругата Велес – Кочани кога возот со број 651, кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удрил во коњи што се движеле на пругата.

Несреќата се случила на 100 метри пред мостот. Двата коњи, чиј сопственик не е познат, се движеле по пругата, а возот удеил во нив. Од ударот едниот коњ паднал врз автомобил „Фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 52-годишниот Ѓ.М. од Велес.

Случајот бил пријавен во СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави