Непознат сторител синоќа со закана со пиштол ограбил аптека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.
Од МВР информираат дека сторителот со закана со пиштол, од касата го одзел дневниот промет од околу 50.000 денари и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.