Лажните вести дека јас сум го уценувал премиерот Зоран Заев за господинот Зијадин Села да замине од Владата се апсолутни невистини, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на средба со новинарите во Мала Речица.
– Јас немам пристап и влијание врз активностите на Села и за тоа како тој заминал од Владата – вели тој.
Ахмети додаде дека владината коалиција е отворена за поддршка на реформите и за соработка со сите партии.
На прашањето зошто еден милион евра без тендер се доделени на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и дали е тоа добра практика, претседателот на ДУИ Али Ахмети одговори:
– И ние ја споделуваме загриженоста и затоа формиравме комисија која ќе ја истражи тендерската документација. Ве поканувам и вас да извршите увид. Според независни експерти, доделена е сума од 7,6 евра за метар квадратен, што е под просекот. Но, да истражуваме заедно.