Заев ќе му чува отворена врата на Села во Владата и покрај тоа што функционерите на Села наместо новогодишни честитки, потпишуваа оставки.
Премиерот вели дека вицепремиерот за реформи не е ресор за носење бурек.
За испразнетите позиции, Заев вели дека веднаш по новогодишните празници Владата ќе назначи нови функционери. Вели дека сака да има 65 пратеници и почнува да разговара со останатите партии кои би можел да ги вклучи во мнозинството.
И партискиот генерален секретар денеска најави дека очекува проширување на мнозинството по Нова Година и враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Од опозициската партија пак за Сител велат дека во Собранието ќе се вратат тогаш кога во него ќе се создадат демократски услови за дискусија.