Еве како Бил Гејтс го дефинира успехот
Без разлика дали се работи за пари, моќ или слава, за успехот секој има различна дефиниција. Според Бил Гејтс, успехот го дефинираат два фактори: да се направи разлика во светот и да се води грижа за луѓето кои ви се најблиски.
„Ворен Бафет отсекогаш велел дека мерката за успех е тоа дали луѓето околу вас се среќни и ве сакаат“ објасни Гејтс додека говореше на еден настан токму на темата успех.
„Исто така, убаво е кога ќе почувствувате дека сте придонеле кон промена – без разлика дали се работи за измислување на нов производ, за одгледување деца или за обезбедување помош на оние на кои им е потребна“ додава Гејтс.
Иако неговиот внатрешен круг е тежок за пробивање, лесно е да се види дека Гејтс веќе направил некои од овие работи кои ги смета клучни за успех. На само 20 години тој ја основаше компанијата Microsoft заедно со својот пријател од детството Пол Ален. Неколку месеци пред да наполни 31 година компанијата излезе на берза, што го направи Гејтс милијардер.
Денес Бил Гејтс има богатство од околу 85 милијарди долари, а деновите ги поминува раководејќи ја фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која е една од најмоќните добротворни организации во светот. Фондацијата која контролира фонд од околу 40 милијарда долари има за цел да издигне милиони луѓе од сиромаштија со фокус на елиминирање на ХИВ, маларија и останати заразни болести.