Новогодишна прослава во позната скопска кафеана заврши со крвава тепачка
Ноќеска во 03,35 часот В.Т. (27) пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот во угостителски објект на бул. „Илинден“ ги видел М.Д. и Ѓ.А. како се расправаат и во еден момент забележал како Ѓ.А. го удира со глава М.Д.
Пријавителот отишол да ги раздвои. Додека ги раздвојувал Ѓ.А. му се заканувал и го удрил со шлаканица,а потоа откако В.Т. отишол кон излезот на угостителскиот објект Ѓ.А. уште една го сопрел и го удрил со тупаница во главата.
По настанот В.Т. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.