Двајца скопјани и едно малолетно дете од 14 годишна возраст добија кривични пријави поради сомнение за тешка кражба.
Тие на почетокот на декември во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе одзеле алумиумски врати и прозори, коишто биле демонтирани.
На тој начин, соопшти полицијата, се стекнале со противправна имотна корист од околу пола милион денари.