Ако не сакате да се разбудите на Токсикологија или во некое возило на Брза Помош, слушајте ги советите на лекарите.
Новогодишната ноќ може да помине весело и со умерено пиење и јадење. Токсиколозите со посебен апел до младите да не комбинираат алкохол со психотропни супстанци.
-Не е весело да се разбудите кај нас, затоа умерено пиење. Кога имаме алкохолно труење гледаме да ги санираме работите и лицата после тоа сди одат дома. Но многу лоша комбинација и опасна по здравјето е мешање на алкохол со психотропни супстанци, вели др. Нико Беќаровски директор на Клиника за Токсикологија
Новогодишната ноќ работно ќе ја поминат и десет тимови од скопската Брза помош, кои ќе дежураат за потребите во главниот град. Им препорачуваат на младите да не корисатат пиротехнички материјали и да не се претерува со јадењето на мрсна храна.
-Да слават но умерено за да не дојде до алкохолно и труење со храна. Многу мрсна храна множе да доведе до проблеми во дигестивниот систем, повраќање, зголемување на крвниот притисок и проблеми со срцето, вели др. Ѓеорги Карамановски од Брза Помош
Оние кои нема да ги послушаат советите и ќе претераат со алкохолот или храната, можат да побараат помош на Ало докторе, во Брза помош како и во дежурните служби во скопските поликлиники.