Зошто сите треба да пијат сок од моркови

 

Мал број на луѓе имаат навика да пијат сокови од зеленчук, а тоа е голема грешка. Овие сокови содржат доволни количества од многу хранливи нутритиенти, а многу помалку шеќери за разлика од овошните сокови.

Ако сакате да ги вклучите во вашето секојдневно мени и соковите од зеленчук, можеби и не би било лошо да започнете со сокот од моркови. Еве и зошто:

Корисен е за црниот дроб

Морковот ја подобрува работата на црниот дроб и му помага на телото за полесно да ги исфрли отровите.

Помага во спречување на појавата на тумори

Големите количества на каротеноиди коишто ги содржи морковот, можат да помогнат да се надитрат специфични видови на тумори, како на пример на грлото на матката и на дебелото црево.

Го намалува холестерол

Морковите содржат големо количество на растворувачи коишто го врзуваат холестеролот и после тоа, му помагаат на телото да го исфрли како отпад.

Го подобрува видот

Морковите содржат големи количества од витаминот А, како и бета каротен, кои имаат големо влијание врз зачувувањето на добриот вид.

Го подобрува квалитетот на кожата

Токму големите количества од витамин А, прават морковите да делуваат како штит за кожата и да го спречуваат нејзино сушење. Некои истражувања покажа дека морковите се делотворни и кај болести каква што е псоријазата. Исто така, може да помогнат и за побрзо заздравување на лузните.

Дава енергија

Овој зеленчук содржи железо коешто му е неопходно на организмот за да бидете активни.

Го подобрува квалитетот на забите

Морковите содржат одредени минерали чиишто антибактериски својства го штитат коренот на забите, а истовремено помагаат за забите подолг временски период да останат бели.

Треба да знаете
Последни објави