Варено вино од коприва: Најмоќен напиток против десетина болести!

 

Здравите коски, заштитата на внатрешните органи и изобилството од витамини и минерали кои може да спречат тешки болести се само некои од предностите на копривата, а ние ви претставуваме потполно нов начин за консумирање на оваа моќна зелена билка!

Копривата всушност уште одамна се употребува во медицински цели. Покрај здравите варива и соковите, од копривата можете да направите и исклучително лековито вино.

Подготовка: Измешајте 10 лажици листови и корени од коприва, лажица пелин, лажица толчени плодови од смрека и две лажици тегавец.

Смесата од билки ставете ја во литар црвено вино и оставете ја да отстои 12 часа.

После тоа, во виното додадете 4 лажици мед и варете околу половина час. Вареното вино оставете го во сад со капак да се излади.

Земајте по една лажица топло лековито вино пред секој оброк.

 
 
Треба да знаете
Последни објави