Ресторан во село Слупчане во Општина Липково, синоќа бил демолиран од група од шест лица, затоа што 22-годишниот сопственик Р.М. не сакал да се откаже од судски спор.
Според полицијата вандализмот се случил синоќа околу 1.20 часот. Шест лица влегле и седнале на маса, од кои еден му бил познат на сопственикот. По кратко време почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан.
„Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата. Истовремено едно од лицата земало чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово“, велат од полицијата.
На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.