Првата посета на премиерот, Зоран Заев, во новата година ќе биде во Министерството за финансии. Таму Заев денеска ќе се сретне со министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Темата на состанокот е „Реализацијата на Капиталните инвестиции и клучните податоци за 2017 година“.
„Посетата е токму во ова министерство бидејќи целта на Владата на РМ и Министерството за финансии е оваа година да биде клучна за унапредување на економската состојба и стабилизација на економијата“, велат од Владата.