Секојдневно нашето тело извршува многу функции, а нашиот динамичен живот, како и лошите навики, понекогаш го попречуваат во правилната работа.
Кога нешто не е во ред, телото ни испраќа пораки преку знаци кои не треба да ги занемаруваме.
Секој дел од телото е поврзан со некои симптоми, а кога ќе се соберат повеќе одеднаш, треба да преземете нешто.
Па така, доколку имате проблем со повеќе од следните работи, тоа би можело да значи дека бубрезите не работат правилно и дека треба да се проверите.
Колку од овие симптоми ги имате забележано кај вас?
Проблеми со сонот
Кога бубрезите не работат правилно, значи дека токсините не можат да излезат од телото преку урината и остануваат во крвта. Зголеменото ниво на токсини предизвикува тешко заспивање.
Губење здив
Врската помеѓу проблеми со бубрезите и соочување со губење воздух, посебно доколку не сте замориле со ништо посебно, може да зависи од две работи. Прво, вишокот течности се движи кон белите дробови кога бубрезите не работат правилно. Второ, анемијата го лишува телото од кислород и ова резултира со губење здив.
Главоболки, замор, немање сила
Кога бубрезите не работат правилно, се лачи помалку хормон кој игра улога во создавањето црвени крвни зрнца, а намалената количина резултира со замор, ослабеност на мускулите и на активноста во мозокот.
Сува кожа, чешање
Здравите бубрези помагаат при отстранувањето на вишок течности во телото и одржуваат соодветна количина на минерали во него.
Сувата кожа и чешањето се знак за неправилна работа и неуспешно одржување на балансот на минерали и хранливи состојки, што е резултат на заболувања во коски или бубрези.
Отекување на глуждовите, стапалата и рацете
Заради вишокот течности кои се задржуваат во телото, некои делови од телото како стапалата, глуждовите на нозете и рацете почнуваат да отекуваат.
Лош здив и вкус на метал
Кога се насобрани токсини и вишок во телото и крвта, се менува вкусот на храната и остава вкус на метал во устата. Исто така може и да се изгуби апетитот, што води до губење килажа.
Болки во грбот
Болката во долниот дел од грбот често може да биде заради проблеми со бубрезите, а истата може да биде почувствувана и во горниот преден дел на нозете, како и во делот кај колковите.
Промени во урината
Бубрезите се задолжени за урината и исфрлање на вишокот течности преку неа. Промените во количината, мирисот и бојата не треба да бидат игнорирани.
- Зголемена потреба за мокрење, посебно во текот на ноќта.
- Крв во урината.
- Пенливост во урината.