Во периодот од 23.40 до 23.45 часот синоќа, на улицата Кемал Сејфула, бил украден „пасат” со скопски регистарски ознаки.
Во возилото имало паричник, две лични карти, две патни исправи, еден мобилен телефон и 250 евра со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.230.000 денари.
МВР информира дека крадецот дошол до паркираното возило кое било запалено и со клуч во бравата, влегол во него и заминал.