За Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, 16 октомври засекогаш ќе биде синоним за болка.
Таа ноќ, Тоше го загуби животот во сообраќајна несреќа.
По несреќата, Петровиќ се повлече од естрадата и почна да се занимава со одгледување на лаванда. Денес е сопственик на најголемата плантажа во регионот.
Во околината на Ниш, на површина од 30 хектари засадила 600.000 билки оригинална француска лаванда.
По смртта на Тоше и нуделе да биде менаџерка на многу пејачи, но таа ги одбивала со образложение дека секогаш била и ќе биде само менаџерката на Тоше.
-Тоше и јас заедно ги завршивме своите кариери. Прерано, за жал, изјавила Лилјана за еден српски медиум.
Вели дека се чувствувала како да се дави во море од тага и дека таа болка е неспоредлива единствено со билката која ја чувствува неговото семејство.
Многумина, пак, ја критикуваа зошто не сакала да оди на гробот на Тоше во Крушево.
-Јас го носам во срцето. Тие чувства и сеќавања се само мои и немам потреба да ги делам, како што немам потреба да бидам видена таму, вели Петровиќ.