Филмска потера на Јадранот: Италијанската полиција запленила дрога вредна 23 милиони евра!

 

Италијанската полиција во текот на новогодишните празници, на глисерите кои од Албанија пловеле по Јадранот, запленила 2,1 тон марихуана и уапсила 52 лица.

Со тоа количината на дрогата запленета во минатата година достигнала 36 тони. Истовремено, албанската полиција запленила 20-тина тони марихуана. 

Италијанската полиција, во првата акција непосредно по Нова година, сопрела глисер на пат од Албанија кон Италија и на него, во 76 пакети, открила 1,6 тони марихуана вредна околу 17 милиони евра.

 

Во акцијата биле уапсени тројца Албанци, кои, освен дрогата, носеле и калашникови.

Во неделата навечер, италијанската полиција запленила уште околу 600 килограми дрога, откако на пат кон Италија сопрела гумен чамец во кој се наоѓале во повеќе од 40 пакети марихуана. Вредноста на дрогата е проценета на шест милиони евра.

 

Албанската полиција, која претходните 12 месеци запленила 20-тина тони марихуана, учествувала во двете акции.

 

Треба да знаете
Последни објави