Денес се отвори ново матично подрачје на Управата за водење на матичните книги во просториите на Општина Бутел.
Во матично подрачје Бутел ќе се вршат уписи во матична книга на родените, венчаните и умрените за населените места Бутел, Радишани, Љубанци и Љуботен кои досега се водеа во матично подрачје Чаир. Граѓаните ќе може да поднесуваат барање за изводи од матичната книга на родени, венчани и умрени и истите оттаму да ги подигнуваат без разлика каде е извршен уписот од граѓаните.
Во просториите на Општина Бутел во големата сала за состаноци ќе се склучуваат бракови.
Со тоа отворањето на оваа канцеларија ќе го олесни пристапот до документите за матична евиденција на граѓаните на Општина Бутел.