Ја убил неколку часа по новогодишната прослава: Биле наизглед пар од соништата чија љубов заврши крвав
Тримесечната љубовна врска помеѓу Бланка Кемивеш и Чек Чанад (29) драматично е завршена вчера во попладневните часови откако тој ја убил, а потоа се обидел да изврши самоубиство.
Како што дознава „Блиц“, двајцата биле во врска од 25-ти октомври минатата година. Тие пред неколку дена отпатувале во Унгарија за прослава на Новата година, а убиството се случило само неколку часа по прославата.
Наводно, на трагедијата и претходела жолчна кавга, која се случила околу пладне во стан во Сегедин. Момчето прво ја убило несреќната девојка, а потоа решило да се самоубие. Бидејќи не успеал во својата замисла, Ченад повикал Итна помош која го пренесла во болница, додека кај девојката е констатирана смрт.
Иако заедничка фотографија немаат, и Бланка и Чек јавно ја изразувале својата љубов во коментарите под фотографиите, но си делеле и комлименти за да се види дека нивната врска била полна со љубов.
Сепак, што стои зад убиството, како и кавгата која се случила тоа претпладне, и понатаму останува мистерија.