Синот на Брена и Боба проговори за киднапирањето: Се плашев дека тоа се последните денови од мојот живот!
Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ беше киднапиран пред 17 години пред семејната куќа на Бежанијска коса. Стефан тогаш имал 8 години и проговори за тоа трауматично искуство.
Стефан беше киднапиран на 23. ноември 2000 година, а сега за медиумите во Србија откри како се чувствувал:
-Се плашев дека тоа ќе ми бидат последните денови од животот. Не отидов на летување па да бидам опуштен. Имав само 8 години, но бев многу свесен за опасноста. Чувствував неопислив страв. Тука си, каде што си, не знаеш што ќе биде. Во еден момент само се помирив со ситуацијата зошто сфатив дека не можам ништо да сменам, рече Стефан.