Повеќе од 20.000 домови во Бостон останале без струја, откако таканаречената “циклонска бомба” во тој град донела снег и силни ветрови.
“Циклонската бомба”, како што најавиле метеоролозите, ќе го погоди источниот брег на САД, а досега веќе дошла до Бостон.
Сите училишта се затворени, а ќе бидат отворени и склоништа доколку поплавите се влошат и доколку биде потребна евакуација, соопштил градоначалникот на Бостон Марти Валш.
Како што додал, иако “најлошиот дел” поминал, поплава и натаму има во делови од градот.
Улиците во источните населби на Бостон биле оковани со мраз, а од 26 од 78 општини на брегот на Масачусетс имале проблеми со поплава.Екстремните временски услови донеле снег на Флорида, прв пат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, Џорџија и Вирџинија прогласиле вонредна состојба и ги предупредиле жителите да не излегуваат од своите домови.