Турци отвараат нов американски универзитет во Скопје
Друштво за образовни услуги „Американ Метрополитан Универзити ДОО Скопје“ е името на новото училиште регистрирано во Македонија со турски капитал, пренесе порталот Емагазин.мк.
Според инфомацијата објавена на Централниот регистар новиот образовен центар е основан со почетен капитал од 5.000 евра. Сопственици се Сезгин Чалик и Исмаил Улуоџак од Турција.
Главната дејност на новата фирма е друго образование неспомнато на друго место.