Му го украле автомобилот, па го запалиле
Ноќеска, неколку минути по полноќ, во с.Побожје, скопско, било пронајдено запален автомобил. Од МВР утврдиле дека запалениот автомобил бил „голф 1“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на Н.М. од с.Кучевиште, скопско, кој претходно пријавил кражба на возилото.
-Од 05.01.2018 година возилото се бараше по телеграма од Полициската станица Чаир. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за утврдување на причините за настанување на пожарот, велат од МВР.