Наместо во улога на Баба Мразица, поп-пејачката Викторија Лоба Новата година ја почнува со изненадување за своите обжаватели без многу парчиња облека на себе, но сепак во црвено, а како бонус и во заводливо црна долна облека.
Имено, Лоба од пред неколку месеци стана заштитно лице на брендот „ Сара фешн“, за кој изработи неколку рекламни фотосесии.
Откако неодамна најави неколку фотографии, сега за време на празниците е претставена и целосната реализација на фотосесијата каде Лоба позира во проѕирна црвена долна облека , а дополнително за „плакнење очи“ се разголи и во црна танга.