Драма во гостиварско: Сопружници со пиштол добиле закана по живот
Ноќеска во 02.00 часот, Е.С. (25) од Гостивар пријавил дека на таа вечер околу 23.30 часот непознато лице му се заканило по животот.
Тој, додека со своето возило „БМВ“, во кое се наоѓала и неговата сопруга, бил паркиран покрај патот
Тумчевиште-Чегране, до нив застанало друго возило „БМВ“.
Од возилото излегло непознато лице, му се заканило по живот, а од него и неговата сопруга побарало да излезат од возилото.
Тогаш извадило пиштол и испукало еден куршум во воздух, по што со неговото возило побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.