И ПРАТЕНИКОТ ЈУСУФ ХАСАНИ ЈА НАПУШТИ КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

Јусуф Хасани, пратеник на Демократската партија на Турците (ДПТ) ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе делува како независен пратеник во Собранието.

Пратеникот Хасани го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека станува независен пратеник.

Пратеникот на ДПТ Хасани е третиот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ кој ја напушта опозиционата коалиција „За подобра Македонија“. Претходно, Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди бајрам, лидер на Сојузот на Ромите ја напутија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави