Уште оваа година граѓаните ќе поднесуваат даночна пријава до УЈП

 

Ова е последна година граѓаните да поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година.

Со измената на Законот за персонален данок на доход, кој стапи на сила од 1 јануари 2018 година, граѓаните од следната година ќе добиваат пополнета годишна даночна пријава што ќе ја издава Управата за јавни приходи.

Законскиот рок за поднесување на годишната даночна пријава е до 15 март оваа година и може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Доколку даночниот обврзник не поднесе даночна пријава до 15 март 2018 година ќе му биде изречена глоба за сторен прекршок. Глобата се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

Граѓаните имаат обврска да пријават доколку оствариле приходи од издавање под закуп на станбен објект или хонорар по основ на авторски договор, за остварена добивка од наградна игра над 5.000 денари, дивиденди.

Даночниот обврзник не треба да поднесува годишна даночна пријава доколку остварува приход само од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Проценката е дека наплатата од граѓаните за персонален данок ќе се зголеми за 40 проценти.

Треба да знаете
Последни објави