Бошњаковски: Јасно е дека е подобрена климата за спорот за името

Бошњаковски: Јасно е дека е подобрена климата за спорот за името

Јасно е дека е подобрена климата за решавање на спорот со името, е ставот на Владата за ова прашање, рече портпаролот Миле Бошњаковски прашан за владиниот став по вчерашната посета на вицепремиерот Бујар Османи на Грција.

– Преговорите се водат по покровителство на Обединетите нации и не би сакал да навлегувам во тоа. Во овој момент не би навлегувале во конкретни, специфични и суштински расправи во однос на преговорите за името, но она што е очигледно и што е јасно е дека климата е исклучително подобрена и во Република Македонија и во Република Грција и се оди кон тоа, како што неодамна најави премиерот, дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Треба да знаете
Последни објави