Димитров утре ќе има средба со Коѕијас
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.
Како што соопштија од МНР, разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.