Запленети 870 грама марихуана, ја криел во машина за садови
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
На 5 јануари, информираа од МВР, во Тетово извршен бил претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што во дневната соба и во кујната, во машина за садови биле пронајдени и одземени 870 грама марихуана.