Во невремето во Калифорнија загинаа 15 луѓе
Бројот на загинати во невремето во Калифорнија се искачи на 15, но потрагата по исчезнатите во големото свлечиште кое однесе десетина домови сè уште продолжува.
Најмалку 50 луѓе биле евакуирани со хеликоптер од загрозените зони, а најмалку 25 се повредени. Бројот на жртви би можел да биде поголем од 15 кога ќе биде проширена потрагата.
„Во моментот сме насочени да утврдиме дали има преживеани во некои од оштетените објекти“, рекол шефот на округот Санта Барбара, Бил Браун.
Портпаролот на округот, Дејвид Вијалобос, пак, рекол дека се верува оти повеќето од загинатите се од Монтесито. Во овој богат четврт, во кој живеат 9.000 луѓе и кој се наоѓа северозападно од Лос Анџелес, се наоѓаат и куќите на многу познати личности, меѓу кои Опра Винфри, Роб Лоу и Елен Деџенерис.
Голем дел од подрачјето што зафатено со невреме во декември минатата година го погоди еден од најголемите пожари во историјата на Калифорнија.