Внимавајте магла на патиштата во Струмичко и Радовишко
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри изутринава има на патниот правец Штип – Радовиш и од 30 – 50 метри на патниот правец Струмица – Ново Село, информираат АМСМ и ЈП Македонијапат.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15-ти ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година