Освен што го намалува нивото на лошите масти во телото, овој магичен напиток го чисти организмот од токсини и ја подобрува циркулацијата.
Магдоносот во секојдневната подготовка на јадењата се додава како ситно дополнување за подобрување на вкусот, но тој всушност е одличен сојузник за вашето здравје. Магдоносот содржи две групи посебни состојки, многу важни за здравјето – природни етерични масла и флавоноиди. Покрај тоа, тој е одличен извор на витамините Ц, А и К, па се препорачува да ја зголемите количината на магдонос во периодот на грип и настинки.
Исто така, листот од магдонос се покажа како исклучително средство во поттикнувањето на излачувањето на штетните материи од нашиот организам и подобрување на циркулацијата.
Но, ако на прекрасниот магдонос му додадеме и лимон, вода и малку сода бикарбона, ќе добиеме чудотворен напиток кој го намалува нивото на лош холестерол во крвта.
Состојки: 1,5 литар вода, 3 китки магдонос, 1 кг лимони, сода бикарбона.
Подготовка: Лимоновата кора добро измијте ја со сода бикарбона, за да ја отстраните нечистотијата. Најдобро е да користите органски лимон. Водата зовријте ја и оставете ја да се олади. Лимонот исецкајте го на кришки, а магдоносот исецкајте го ситно и додадете ги во оладената вода. Поклопете и оставете да стои во фрижидер еден ден. На крај, се измешајте во блендер и ставете ја смесата во стаклен сад.
Секојдневно пијте по 100 мл и нема да верувате со која брзина ќе го намалите нивото на холестеролот.