Изобилува со магнезиум и молибден, а од витамините е исклучително богата со витаминот Б9 – фолната киселина.
Црвената леќа е помалку позната, но исклучително корисна намирница, која содржи неверојатни 26 грама протеини во 100 грама црвена леќа, што ја прави вистински протеински скапоцен камен.
Кога ќе ја комбинирате со некоја житарка, тогаш една со друга се надополнуваат кога станува збор за аминокиселинскиот состав, па добивате многу квалитетни аминокиселини.
Енергетски ни дава околу 350 калории. Содржи квалитетни сложени јаглени хидрати (60 гр на 100 гр) и неверојатни 30 грама влакна, од кои дел се растворливи и го намалуваат холестеролот, а дел нерастворливи и му помагаат на дигестивниот тракт и ги забрзуваат брзите јаглени хидрати, што води до слабеење.
Има изразено низок гликемиски индекс – само 29, што е многу поволно, а содржи само 1 грам масти и тоа поволни, омега 3 и омега 6 масни киселини.
Многу е богата со железо и затоа особено им се препорачува на жените кои се занимаваат со спорт, поради склоноста кон анемија. Изобилува со магнезиум и молибден, а од витамините е исклучително богата со фолна киселина.
Според својот состав е поквалитетна од повеќе други житарки, а лесно и едноставно се подготвува. Кратко се вари (околу 15 минути) и брзо се распаѓа. Па ако сакате оброк во облик на пире, црвената леќа е одличен избор за таа намена.