Охриѓанец со нож тешко повредил свој роднина
Во текот на вчерашниот во Охрид дошло до расправија меѓу А.Х. (55) и неговиот роднина У. Х. (60), при што А. Х. со нож го пробол У. Х. во пределот на раката и главата.
Како што информираат од МВР, повредениот најпрво бил пренесен во медицинскиот центар во Охрид, но поради сериозноста на повредите бил препратен во клиничкиот центар – Скопје, додека пак А.Х бил приведен од полицијата.