Договорот за добрососедство со Бугарија утре пред Собранието
Пред пратениците ќе се најде Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, кој е дел од дневниот ред на 30-тата седница.
Утре се очекува во Собранието да биде ратификуван договорот кој со месеци предизвикуваше контроверзии во македонската јавност, но веќе ниту опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не го споменува.
Покрај тоа, утре на дневен ред во парламентот се и реформските закони за следење на комуникациите, на законите за администрација, законот за амнестија итн