Ракометарите на литургија со отец Пимен во Загреб
Македонските ракометари по синоќешната победа над Словенија, ја посетија македонската првославна црква во Загреб, „Света Злата Мегленска“ каде oтец Пимен одржа литургија и им посака среќа. „Како што Кире ве водеше вчера, така да ве води и низ целото првенство“, рече тој.
„Во Загреб доаѓале многу државници, бизнисмени но не дошле во оваа црква, а вие и покрај големите обврски кои ги имате одвоивте време да дојдете“, им порача Отец Пимен на ракометарите. Владиката на својата страница на „Фејсбук“ објави: „Среќна стара нова од Загреб! Се надевам дека и за ова нема да почнете да мрчите…“