ЕП – Хрватска 2018: Миркуловски неизвесен кај Македонија
Утре во Арена Загреб во вечервиот термин од 20:30 часот ќе се игра втоприот дуел од 2.коло од Ц групата Македонија – Црна Гора. нашите ракометари со два бода ќе влезат во овој дуел, но Македонија на овој дуел може да настапи хендикепирана. Од дуелот со Словенија на повреда на зглобот се пожали Филип Миркуловски. Неизвесно е колку ќе може тој да игра.
– Имам оток на зглобот, тоа ми е хронично, го имав и порано. Вчера лошо доскокнав и ми отече зглобот. Мислам дека утре ќе биде се во ред, изјави Миркуловски.
Одлуката за настап Раул ќе ја донесе непосредно пред дуелот, а неизвесноста ја потврди и селекторот Раул Гонзалез.
Можно е во таборот на Црна Гора да се врати голманот Небојша Симиќ, кој се повреди на неколку дена пред шампионатот.
– Тренингот помина добро. Јас ум добар и последната одлука ќе ја донесе селекторот Ѓукиќ. Тој треба да одлучи, изјави Симиќ.
За евентуалниот настап Ѓукиќ истакна дека го радува фактот што играчот е добар.