Бунтовниците Хути во Јемен организирале парада за поддршка во главниот град на таа држава, Сана. Поддршка пружиле вооружени жени, но со оружје во рацете оделе и деца.
Арапската коалиција под водство на Ријад, од март 2015. година интервенира во јеменската војна, за да го сопре напредувањето на Хутите, кои освоиле голем дел од земјата, како и главниот град Сана.

Во граѓанската војна во таа земја од март 2015. година загинале речиси 9.000 луѓе, неколку десетици илјади биле ранети, а повеќе од 3 милиони се побегнати од земјата.
Здравствената и санитарната инфраструктура е речиси целосно уништена. Јемен е погоден од тешка хуманитарна криза, пред се со недостигот на храна.



