Шекеринска: Македонија има што да му соопшти на генералниот секретар на НАТО
За шест месеци постигнавме повеќе отколку претходните години, изјави министерката за одбрана Шекеринска пред претстојната посета на Столтенберг на Македонија на 18-ти јануари.
Македонија има што да му соопшти на генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, за шест месеци постигнавме повеќе отколку претходните години, изјави министерката за одбрана Шекеринска пред претстојната посета на Столтенберг на Македонија на 18-ти јануари.
„Главната цел на посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, е да чуе и од наша страна што е она што сме го сработиле, но и да чуе какви се нашите планови. Во делот на одбраната, имаме со што да се пофалиме. Пред генералниот секретар ќе излеземе со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во НАТО мисијата во Авганистан, што беше еден од приоритетите на генералниот секретар пред само неколку месеци, и со нови политики на транспарентност и интегритет кои покажуваат дека Република Македонија за да биде вистински член на НАТО, прво треба да си обезбеди интегритет, транспарентност и одговорност во своето функционирање. Пред генералниот скретар буквално, ќе имаме што да покажеме и да најавиме за следниот период“, нагласи министерката Шекеринска.
Проблемот со името отвори за земјава и некои други, внатрешни и регионални проблеми, рече Шекеринска, најавувајќи поголема јавност во работата на министерството.
Новоиздадената еврообврзница е со ниска каматна стапка поради можност Македонија да стане членка на НАТО, реше Шекеринска.