Читајте го ова секогаш кога сте во лошо расположение…

 

За некои ти си сѐ…

Твојата насмевка може да ги усреќи дури и оние на кои не им се допаѓаш.

Секоја ноќ некој мисли на тебе пред да заспие.

Многу често, причината поради која некој не те сака е поради тоа што сака да биде како тебе.

Не светот постојат минимум две личности за кои си подготвен да го дадеш животот.

Постојат најмалку 13 личности кои те сакаат на свој начин.

Животот е премногу краток за да бидеш тажен.

Затоа сакај ги луѓето кои убаво се однесуваат кон тебе, заборави ги оние кои не се однесуваат убаво кон тебе и верувај дека сѐ се случува со причина.

Дури и кога ја правиш најголемата грешка во животот, со тоа сепак доаѓа нешто убаво. Запомни дека сѐ што се случува во твојот живот, се случува за твое добро. Верувај во тоа!

Кога мислиш дека животот ти го свртил грбот, погледај го од сосема  друг агол.

Секогаш помни го тоа дека кога животот ти дава шанса – мораш да ја искористиш! Ако оваа шанса го менува целиот твојот живот, дозволи да се случи тоа.

Никој не рече дека ќе биде лесно. Само ни ветија дека ќе вреди. 

Сфатете дека никој од нас не може секој ден на биде полн со инспирација. Сите ние се исцрпуваме. Сите паѓаме и се разочаруваме. Сите се уморуваме. Факт е дека ако сте на граница на силите, ако сте уморни од животот, тоа воопшто не значи дека стоите во место.

Кога сте уморни, движете се полека. Движете се мирно, без брзање. Но, не запирајте.

Уморни сте од сосема објективни причини, затоа што сакате да работите и да менувате многу нешта. Уморни сте затоа што напредувате. И еден ден, овој напредок, навистина ќе ве инспирира!

 

Треба да знаете
Последни објави