Приведени четворица кои вршеле ископ на дупка и поседувале метал-детектор
Вчера во 00,05 часот во село Долгаш биле затекнати четири лица – државјани на Република Македонија, кои вршеле ископ на дупка во димензиии два на два метри широчина и длабочина од околу четири метри.
Од МВР велат дека тие со себе имале метал-детектор.
По наредба на Јавен обвинител, лицата биле приведени во Полициската станица Дебар за расчистување на настанот.