Одбраната на Панче Ангелов, кој во Собранието на 27-ми април ја кубеше за коса тогашната пратеничка а сегашна министерка, Радмила Шекеринска, денеска на јавна седница во Апелациниот суд ќе ги изнесе наводите од својата жалба.
Во жалбата се бара промената на квалификацијата на делото и на висината на казната. Ангелов беше осуден на четири години затвор за кривично дело насилство. За време на судењето тој призна вина за стореното дело.