-62°C – како се живее во најстуденото место на светот? (фото)

 

Ојмјакон е најстуденото село на свет, а Јакутск најстудениот град. Двете места се наоѓаат на Сибир.

 

Во најстуденото место на земјата просечната температура во јануари е минус 50 Целзиусови степени и трепките на жителите смрзнуваат во истиот миг штом излезат надвор.

Зафрленото сибирско село Ојмјакон е најстуденото населено место на светот.

Температурите биле толку ниски што при мерењето пукнал стариот термометар и бил поставен нов електронски, кој наводно е ставен и како атракција за да привлече туристи. Годинава измерени се рекордни 62 Целзиусови степени под нулата.

Иако официјалните извештаи тврдат дека температурата е на одредено ниво, локалните жители велат дека тие измериле и минус 67 Целзиусови степени.

Ова е најниска измерена температура во Ојмјакон по 1933 година, кога биле измерени минус 67.7 Целзиусови степени.

Во селото живеат околу 500 луѓе и ова е најстуденото населено место на светот заедно со градот Јакутск.

Треба да знаете
Последни објави