Самоубиство во Скопје
С.А. од Скопје вчера околу 12 часот и 30 минути пријавил во полиција дека неговиот татко се самоубил со бесење.
Се работи за 60-годишниот Б.А. од Скопје.
-Б.А. бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот. Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 13 часот била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, информираат од полицијата.
По наредба на Јавен обнител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.